Вашата кошничка е празна
Нашата клиника
Ве молиме прочитајте ги овие правила и услови внимателно. Со станувањето член на клиниката значи дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате да бидете обврзани со условите на клиниката. Your Aesthetics Clinic го задржува правото да промени било кој од условите. Секоја промена на условите стапува на сила веднаш од датумот на нивното објавување. Овие услови и правила важат за сите кои купуваат каков било тип на термини директно од Your Aesthetics Clinic или индиректно преку трето лице (Фит Кит).
Your Aesthetics Clinic е посветено на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите клиенти. Од вас се бара да го информирате клиниката и нашите естетичари за сите здравствени состојби кои ги имате (вклучувајќи повреди, болест, бременост, здравствена состојба или било што друго што може да влијае на безбедното извршување на тренингот). Your Aesthetics Clinic препорачува да побарате лекарска потврда пред да започнете со користење на услугите на клиниката. Учеството во термините е на сопствен ризик на клиентот/членот. Со прифаќањето на овие правила и услови, клиентите/членовите се обврзуваат дека за време на тренинзите во Your Aesthetics Clinic ќе постапуваат согласно инструкциите на естетичарот. Клиентите се свесни дека учеството во физички активности носи одреден ризик од повреда и се согласуваат дека учествуваат на сопствена одговорност.
Нашите естетичари при одржувањето на термините користат методи со кои можат да ја „поправат" поставеноста на телото на клиентот за време на вежбата или да му помогнат, односно придржат при изведувањето на вежбата при што може да остварат физички контакт со него. Ова е со цел да се обезбеди правилно и безбедно изведување на вежбите, како и да се спречат повреди на клиентите додека вежбаат. Со самото Ваше присуство на термин, Вие потврдувате дека го прифаќате овој метод на инструкции.
Your Aesthetics Clinic го задржува правото да прави промени во распоредот на термините, работното време, цените на услугите и естетичарите во секое време.
На Ваша одговорност е губењето, кражбата или кршењето на било какви лични работи што ги внесувате во клиниката. Препорачуваме да не носите вредни предмети на термините, како што се телефони, накит, паричници или чанти.
Клиентот има обврска за плаќање на членарина. Членарината се уплаќа однапред, односно пред користењето на услугите на Your Aesthetics Clinic.
Your Aesthetics Clinic го задржува правото да одбие влез на термин или да откаже резервација доколку клиентот е во задоцнување со плаќање на членарина.
Членарина е со ограничено времетраење. Времетраењето на членарината е определено на веб страницата на клиниката во описот на самиот пакет што се купува.
Вашето членство може да се паузира неколку недели и во тој период да не се врши наплата за термините. Your Aesthetics Clinic бара писмено известување за тоа најкасно 7 работни дена претходно испратено на demo@gmail.com. По завршувањето на паузата, членството можете да го продолжите во термини кои во тој момент ќе бидат достапни.
Your Aesthetics Clinic може да ги промени цените на услугите во секое време. Новите цени стапуваат во сила со нивното објавување на веб страницата на клиниката.
Закажувањето на термините во Your Aesthetics Clinic се врши исклучиво преку веб страната на клиниката. Резервацијата на место на терминот се смета за валидна само по извршено плаќање. Без претходна уплата, закажувањето нема да биде потврдено.
Клиентите можат да закажат присуство на термин најдоцна 2 (два) часа пред почетокот на истиот. По истекот на овој рок, системот нема да дозволи дополнителни резервации.
Ве молиме навремено да го резервирате вашето место за да се обезбеди правилна организација и оптимален број на учесници на секој термин.
Поради ограничените места достапни на секој термин, Your Aesthetics Clinic има строга политика за откажување на термини. Терминот може да го откажете најдоцна 4 часа пред неговиот почеток. Доколку не се појавите на закажаниот термин или ненавремено го откажете Вашето присуство на терминот, терминот се наплаќа во целост како да е одржан.
Ве молиме навремено да го откажете терминот доколку не можете да присуствувате на истиот. Со тоа ќе се ослободи место за некој друг да присуствува на терминот.
Уплатените парични средства за нашите услуги се неповратни. Неискористените термини не се префрлаат за следниот период.
Ако клиентот не е задоволен од услугите што ги дава Your Aesthetics Clinic или верува дека има право на рефундирање на уплатените парични средства, потребно е директно да не контактира на demo@gmail.com, образложувајќи ги причините поради кои бара рефундирање, како и да приложи релевантна медицинска документација за да можеме соодветно да одговориме на Вашето барање.
Ве молиме имајте во предвид дека и во случај на рефундирање направено под овие околности, ќе се задржи износ од 10% за покривање на административните трошоци.
Деца и миленичиња во клиниката се дозволени само на приватните термини. На полу-приватните/групните термини е забрането деца од која било возраст да седат и чекаат во клиниката додека трае терминот. Ако сте родител/негувател, наша желба е да создадеме средина каде што фокусот ќе биде единствено на вашето искуство и на искуството на сите други членови, односно да се минимализира секое одвлекување на вниманието. Го цениме вашето разбирање за ова бидејќи се обидуваме да создадеме безбедно и среќно клиника за секого.